Србија уште чека одговор од САД за продолжување на лиценцата на НИС
Србија чека одговор од американскиот Стејт департмент и од Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) за продолжување на лиценцата на NIS, додека рафинеријата останува во фаза на топла циркулација, а државата го зголемува увозот на деривати.
Во меѓувреме, унгарскиот премиер Виктор Орбан нагласи во телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ дека Будимпешта ќе помогне во енергетската стабилност на Србија.
Професорот на Економскиот факултет Љубодраг Савиќ тврди дека официјален Белград сериозно се подготвува за енергетска стабилност, резервирајќи средства за секоја евентуалност и дека во иднина решението лежи во диверзификација на енергетскиот пазар.
Експертот за управување со јавната администрација Михајло Рабреновиќ смета дека најповолното решение е Србија да стане мнозински сопственик и како алтернатива го гледа купувањето на 22 проценти од компанијата, а воедно да го задржи унгарскиот MOL како ко-сопственик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Вучиќ: Никогаш нема да ја напуштам Србија,…
Александар Вучиќ денеска изјави дека никогаш нема…
Студентската листа во Србија не планира задолжителен…
Задолжителниот воен рок нема да биде воведен…
Кушнер: САД работат на најголема размена на…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…