Србија ја бојкотира ЕУ: Нема да учествува за самитот за Западен Балкан

t

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, ја оцени како „срамна“ изјавата на портпаролот на Европската унија, Петер Стано, за именувањето на Ненад Рашиќ за министер во Владата на Косово и изјави дека поради ова Србија нема да учествува на Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Тирана.

„После една ваква срамна изјава на ЕУ, само уште една во низата, нема потреба Србија повеќе да учествува на самити за Западен Балкан. Или ЕУ ќе почне да ги почитува вредностите што ги пропагира или повеќе нема потреба Србија да учествува во ваква фарса. Србија за прв пат нема да присуствува на Самитот на ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи на 6 декември годинава во Тирана“, наведе Брнабиќ во писмената изјава.

Стано претходно изјави дека е од витално значење Приштина да ги почитува сите неопходни чекори при назначувањето министри кои ја претставуваат немнозинската заедница. Тој ги повика двете страни итно да работат на враќање на Србите во сите косовски институции, во согласност со обврзувачките договори за дијалог, а сите заинтересирани страни да се воздржат од каква било акција што би довело до зголемување на тензиите во „веќе кревката безбедносна ситуација“. „Ваква реакција е срам за ЕУ. Чекавме да видиме што ќе каже Унијата за именувањето на Рашиќ и добивме уште една срамна изјава. Именувањето на Рашиќ не само што е во спротивност со Договорот од Брисел, туку и со волјата на народот изразена на изборите, што е најважна волја“, напиша премиерот на Србија. Таа додаде дека со назначувањето на Рашиќ, Приштина продолжува да ја „потценува“ јасно изразената волја на српскиот народ во Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Листа на најбогати пејачи во Србија: Некои…

„Информер“ ја објави листата на најбогати пејачи на…

Се одложи гласањето на Резолуцијата за Сребреница

Седницата на која на дневен ред беше…

Нема договор меѓу Белград и Приштина за…

По речиси шест часа разговори, и денеска…

Вучиќ: Подобро да бидам најлошиот на светот,…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска од…

Српска листа: Од доаѓањето на Албин Курти…

Нападот и грабежот на Петар Костиќ (20)…