Србија ја продолжи забрана за извоз на млеко и млечни производи, ИСКЛУЧОК МАКЕДОНИЈА
Владата на Република Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на млеко и млечни производи до 30 ноември, со исклучок на извозот во Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград.
Во Службен весник е објавено дека владината забрана за извоз се однесува на повеќе видови млеко, како и масло во амбалажа од над еден килограм.
Забраната не се однесува на извоз на стоки за кои царинскиот орган ја има прифатено извозната декларација пред да стапи во сила одлуката. На почетокот на септември српската влада воведе привремена забрана за извоз со цел да се спречи критичен недостиг на овие намирници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николова до Јаневска: Зошто се намалуваат критериумите…
Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките…
Арсовска за Николоски: Пренесете му на неписмениов…
Ќе му пише ли некој на неписмениов…
Богојески ќе предава на Воена академија
Неодамна разрешениот по барање на Брисел директор…
Експлозија во касарна во Германија, едно лице…
26-годишен маж загина во експлозија на земјиштето…
Адеми: Османи за македонскиот јазик го постигна…
Инсистирањето на Владата на Северна Македонија да…