Објавено на:

СРБИЈА ЌЕ КУПИ 12 АВИОНИ „РАФАЛ“: Државата се задолжува со 1,9 милијарди евра

t

Србија се задолжува со 1,9 милијарди евра за купување 12 авиона „Рафал“.

Северниот сосед се согласи на заем од 1.921.500.000 евра со неколку француски банки и финансиски институции за плаќање на 12 авиони „Рафал“ и сродни производи и услуги, објави Форбс/Србија.

За задолжувањето се гледа во предлогот на Законот за потврда на кредитни аранжмани, на веб-страницата на Парламентот на Србија – според Законот за јавен долг, Собранието на Србија мора да го потврди задолжувањето на државата.

На 29 август 2024 година, владата, преку Министерството за одбрана, склучи договор со „Дасолт Авијација“ за набавка на 12 авиони „Рафал“ и сродни производи и услуги.

Од „Кредит Лион“ се очекува заем од 163.327.500 евра, додека „Сосиет Женерал“ ќе обезбеди заем од 422.730.000 евра. Тука е и „Натиксис“ со учество во кредитот од 480.375.000 евра.

Договорена е примена на варијабилна каматна стапка. Се базира на шестмесечниот Еурибор, зголемен за применливата фиксна маргина од 0,98 проценти годишно, наведува Фобрс/Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејна драма во Македонија: Инцидент меѓу двајца…

69-годишен маж од Гостивар се соочува со…

Кушнер: САД работат на најголема размена на…

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354…

Во меѓународна полициска акција координирана од Европол,…

Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…

Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…

Трамп го молел шефот на „Енвидиа“ да…

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот телефонски…