Срби и Македонци „паднаа“ во Грција: Полицијата откри повеќе од 20 килограми злато

t

Двајца српски државјани и двајца Македонци се уапсени во Солун откако во возилата во кои се возеле биле пронајдени накит и златни прачки за кои не можеле да докажат сопственост.

Како што е наведено, поголема количина накит и осум златни прачки, вкупна тежина од околу 21,5 килограми, открила полициската патрола во Солун, во две возила, едното со македонски, а другото со турски таблички, пренесуваат српските медиуми.

Според неофицијални информации, уапсени се двајца државјани на Македонија, едниот на 72, а другиот на 36 години и двајца државјани на Србија, двајцата на 37 години.

Одземени им се возилата и мобилните телефони, а полицијата ќе го испитува потеклото на накитот и златото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дата-центрите се новата нафта, вели Мицкоски

Како инженер и како човек сметам дека…

Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи…

Вештакот Марковски на судењето за „Пулс“: Објектот…

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката…

Клековски: Се работи на решавање на дефектот…

Министерот за здравство Сашо Клековски во објава…

Новата учебна година со 300 паралелки помалку…

Македонските училишта во новата учебна година ќе…