Србов: Само во Македонија смее да се глорифицира фашизмот – Борис Трети ги спасил бугарските, ама ги однел македонските Евреи во Треблинка

t

Едноставна е работава – Бугарија била на страна на Оската. Нацизмот и фашизмот се осудени на светско ниво. Вие денес свастика не можете да ги користете во ниту една земја во Европа, ниту поздрави да користите, не смеете да правите здруженија кои се профашистички и го глорифицираат тој период. Тоа е секаде е забрането. Имиња на фашисти не смеат да се користат ниту на здруженија или обична фирма, истакна професорот и историчар Никола Србов.

Според него, очигледно само во Македонија се прави исклучок бидејќи бугарската политика сака да се изземе од своето минато и да се заборави на тоа што се случувало.

-Цар Борис Трети има двојна улога. Тој ги спасил Евреите што биле во Бугарија, ама сите други од Македонија, Тракија, Јужна Србија, се однесени во Треблинка со помош на бугарската војска. Тоа е осудено на светско ниво. Не можеме сега да правиме исклучоци. Не смееме да глорифицираме нешто што е забрането во Западна Европа, вели Србов во емисијата „24 анализа“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…