Средба Вулин-Путин: Србија нема да биде територија од која се врши антируско дејствување

t

Српскиот вицепремиер Александар Вулин денеска се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Источниот економски форум во Владивосток и му порача дека Србија нема да биде територија од која се врши антируско дејствување.

Во текот на разговорот, Вулин истакна дека „Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ нема да стане членка на НАТО, дека нема да воведува санкции кон Руската Федерација и нема да биде територија од која се врши антируско дејствување“, соопшти Кабинетот на вицепремиерот на Србија.

Вулин изразил голема благодарност до рускиот претседател „за цврстиот став на Руската Федерација во однос на почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија и непризнавањето на Косово“.

Тој исто така истакнал дека е „горд на својата земја Србија, која е единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Руската Федерација и стана дел од антируската хистерија“, се вели во соопштението.

Потпретседателот на Владата на Србија и претседателот на Руската Федерација во Владивосток констатирале дека билатералната соработка меѓу двете земји е на високо ниво и дека продолжува подобрувањето и зајакнувањето на српско-руското сеопфатно стратешко пријателство во корист на двата народи, се заклучува во соопштението. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…

Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…

Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…

Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…

Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…

Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…