Средба Ковачевски-Бетел: Луксембург силно ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска во Тирана, на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан се сретна со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел.
На средбата, како што информираат од владината прес-служба, биле разменети мислења за досегашната соработка меѓу двете земји, како и планови во насока на зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји во претстојниот период.
Ковачевски изразил благодарност за досегашната поддршка и партнерство на Луксембург со Македонија во НАТО, ООН и ОБСЕ, како и во евроинтеграциските процеси.
– Гледаме на Луксембург како на пријател кој ја вокализира својата поддршка во постигнување на нашите стратешки цели. Луксембург има посебно значење во остварување на нашите европски соништа-потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација кој се случи во Луксембург во 2001 година. Ние сме многу благодарни за постојаната вокална поддршка од страна на Луксембург и за препознавањето на напорите на Македонија во смисла на ЕУ интеграцијата, што ни дава оптимизам и сила да продолжиме со напорната работа на ЕУ реформската агенда, истакна премиерот Ковачевски, осврнувајќи се на досегашните билатерални средби.
Ковачевски го поканил премиерот Бетел да ја посети Македонија и се заблагодарил на целосната техничка поддршка од страна на Луксембург како и за отворање на Виза центарот во Министерството за надворешни работи, со што Македонија стана лидер во визната либерализација во 2008 година.
Фокус на средбата, се вели во соопштението, било и зајакнувањето на парламентарната соработка, а се нагласи и потребата од засилување на економската размена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…