Средба Маричиќ – Јан Коп: Важна ни е поддршката од Холандија на европскиот пат и во реформскиот процес
Денес вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ оствари средба со холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп на која разговараа за динамика на евроинтеграцискиот процес на земјава, продолжувањето на соработката меѓу двете земји, како и финансиската поддршка која во вид на проекти ја добива Република Македонија од страна на Кралството Холандија.
Важна ни е поддршката од Кралството Холандија во процесот за почеток на преговори со Европската Унија. На денешната средба со амбасадорот Јан Коп потврдивме дека политиката на проширување на ЕУ е важна за стабилноста и напредокот на регионот, бидејќи обезбедува единствени правила во однос на демократија, владеење на правото, човековите права, но и поголем пазар и инвестиции. Македонија останува цврсто посветена на процесот на пристапување во ЕУ и очекувам дека во наредниот период ќе работиме заедно со нашите европски партнери за да ја забрзаме динамиката на процесот со посветена работа на сеопфатни реформи, кажа Маричиќ.
Вицепремиерот Маричиќ и амбасадорот на Кралството Холандија, Јан Коп, разговараа и за проширување на традиционалната поддршка во реформите со акцент на владеење на правото и правосудство, како и за напредокот во соработката помеѓу нашата земја и Бугарија во насока на целосно отстранување на ветото кон конечно отпочнување на пристапните преговори со Унијата, при што беше потенцирана холандската поддршка за европската иднина на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…