Објавено на:

Средба на Ковачевски и Грлиќ Радман: Европерспективите на Македонија се потреба и на ЕУ

t

Претседателот на Владата на Република С. Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска.

На состанокот е пренесен јасен став дека Хрватска продолжува активно да ги поддржува европските перспективи на С. Македонија. Оценето е дека почеток на преговорите на Република С. Македонија со ЕУ е од важност за стабилноста на регионот, а со тоа и за самата Унија. Нагласено е дека нашата држава практикува европски вредности на политички и реформски план и дека долгоочекуваниот исчекор во евроинтеграциите е заслужен и потребен.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата и пријателска поддршка од Република Хрватска на сите значајни, демократски процеси во земјава. Тој рече дека Република С. Македонија продолжува да практикува европски вредности и потенцираше дека ваквата политичка насоченост е значајна и за државава и за регионот и ЕУ.

„Се поставивме целосно на линија на надворешната политика на ЕУ во однос на војната во Украина. Поставени сме принципиелно во развојот на добрососедските односи. Посветени сме на заштита на животниот стандард на граѓаните. Ова се позициите од коишто продолжува да работи Владата“, рече премиерот Ковачевски.

На средбата е констатирано дека 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република С. Македонија и Република Хрватска ја бележи плодна соработка во сите сфери од взаемен интерес и дека соработката се унапредува, како на билатерален план, така и како меѓу две држави – членки на НАТО. Во таа насока е разговарано и за одржување заедничка седница меѓу владите на Република С. Македонија и Република Хрватска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска има еден милион пензионери, се намалува…

Податоците од пописот за 2021 година покажаа…

Лајчак: ЕУ е поподготвена од кога и…

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу…

Сијарто: Во интерес на ЕУ е што…

Кредибилитетот на политиката на проширување на ЕУ…

Авиони над Загреб: Американската амбасада изведува вежба…

Американската амбасада во Загреб соопшти дека денеска…

Хрватска очекува поголем економски раст од просекот…

Економијата на еврозоната веќе некое време е…