Средба на Османи со Пападопуло: Почитувањето на Преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за европската интеграција на Македонија
На маргини на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во Скопје, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари билатерална средба со заменик министерката за надворешни работи на Република Грција, Александра Пападопуло.
„Македонија и Грција како партнери и сојузници треба да играат клучна улога во обезбедувањето на регионалната стабилност. ПСЈИЕ како иницијатива е добра платформа за дијалог и за решавање и разрешување на отворените прашања”, истакна Османи.
Тема на разговор беше европската перспектива на Македонија, и потребата од натамошна поддршка од страна на Грција.
„Грција е ценет и силен поддржувач на европската интеграција на Македонија, како и доверлив и значаен сојузник во НАТО. Очекуваме оваа поддршка за ЕУ и соработката во НАТО да продолжи да се развива и надградува во наредниот период. Европската интеграција на регионот е од најголемо стратешко значење и споделен интерес за регионалната и целокупната европска безбедност”, рече Османи.
На средбата, соговорниците изразија задоволство од динамиката со која се развиваа односите меѓу двете соседни земји, особено изминативе седум години по потпишувањето на Преспанскиот договор, нагласувајќи ја потребата од негово почитување и целосна имплементација од двете страни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Иран се заканува со удари врз дата-центри…
Иран предупреди дека дата-центри, објекти за вештачка…
Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во…
Судирите меѓу демонстрантите и полициските сили продолжија…