Средба на Сиљановска-Давкова со лауреатите на „Инженерски прстен“, меѓу добитниците е и Огнен Пендаровски, син на експретседателот
Годинешните добитници на признанието „Инженерски прстен“ денеска беа на средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во вилата „Биљана“ во Охрид. На средбата, лауреатите ја информирале претседателката за нивните професионални планови, ги изложиле своите критички видувања за состојбите во државата, а особено во високото образование, укажувајќи на потребата од подобри услови за работа и професионален развој на инженерите, како претпоставка за нивно задржување во земјава.
Во дебатата, како што информираат од кабинетот на претседателката, се предложило унапредување на законската рамка за високото образование, во смисла на посоодветна евалуација на исклучителните успеси при изборот и вработувањата на универзитетите, како и навремено обезбедување подмладок и соодветен кадровски потенцијал, односно избегнување на генерацискиот вакуум.

Биле отворени низа прашања и предложени соодветни одговори за јавната архитектура, како значаен сегмент од уредувањето на просторот и создавањето квалитетна средина за живеење, за дата-центрите, односот кон завршените, но не и ефектуирани проекти, лоцирањето фото-волтаици на плодно земјиште, забрзаниот одлив на најдобрите македонски инженери и други врвни кадри во соседството.
Младите инженери посочиле дека се спремни да прифатат професионални позиции во земјава и превземање одговорност за нејзиниот технолошки развој.
Инаку, Сиљановска-Давкова, вчера, им го додели признанието „Инженерски прстен“ за 2026 година на 14 најдобри дипломирани инженери.
Меѓу добитниците е и Огнен Пендаровски, син на поранешниот претседател Стево Пендаровски. Огнен е од Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ.
Огнен Пендаровски, добитник на „Инженерски прстен“, со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова / Фото: Кабинет на претседател на РСМ
Годинашните добитници на признанието „Инженерски прстен“ се:
Марта Митева од Архитектонскиот факултет, УКИМ;
Арбана Касами од Факултетот за применети науки (насока архитектура), Универзитет во Тетово;
Антонио Томески од Градежниот факултет, УКИМ;
Јане Коцески од Машинскиот факултет, УКИМ;
Мила Саздова од Технолошко-металуршкиот факултет, УКИМ;
Огнен Пендаровски од Факултетот за електротехника и информациски технологии, УКИМ;
Марија Симоновска од Факултетот за земјоделски науки и храна, УКИМ;
Никола Петровски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, УКИМ;
Михаил Трајков од Природно-математичкиот факултет, УКИМ;
Мила Чолакоска од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, УКИМ;
Стефана Димитриеска од Техничкиот факултет, УКЛО;
Симеон Наловски од Факултетот за информатички и компјутерски технологии, УКЛО;
Стефан Спасов од Факултетот за природни и технички науки, УГД;
Тамара Атанасова од Факултетот за информатика, УГД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Средба на Сиљановска-Давкова со лауреатите на „Инженерски…
Годинешните добитници на признанието „Инженерски прстен“ денеска…
Јотова опседната со нас: Му кажала на…
Закочениот македонски евроинтегративен пат повторно се најде…
Путин нареди 72-часовна пауза на нападите врз…
Рускиот претседател Владимир Путин нареди 72-часовен прекин…
Влошена здравствената состојба на Јакимовски – од…
Стевчо Јакимовски вечерва итно е пренесен од…
УХМР предупредува на високи температури: Доаѓа портокалова…
Управата за хидрометеоролошки работи попладнево објави портокалов…