Средба на Јавниот обвинител Јовески со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Вал

t

Досегашната и идната соработка во насока на подобрување на состојбите и зајакнување на капацитетите на Јавното обвинителство беше во фокусот на средбата меѓу Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килиан Вал.

Јовески го запозна Вал со состојбите во Јавното обвинителството и со активностите кои се преземаат во насока на јакнење на довербата и транспарентноста.

„Ние силно веруваме дека независни јавни обвинители кои се придржуваат кон принципите на ефикасност, еднаквост на оружјата и непристрасност при кривичниот прогон, се клучни за функционирањето на системот на правда“, истакна Вал.

Како одлична беше оценета досегашната соработка особено во мониторингот на Мисијата на ОБСЕ во судските предмети поврзани со корупција. „Меѓутоа, корупцијата не се сузбива само со репресивни мерки, потребно е и превентивно да се делува“, нагласи Јовески.

Притоа, двајцата соговорници се согласија Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ во Скопје да ги продолжат меѓусебните консултации чија цел е да се изнајдат нови модели за соработка и за зајакнување на јавнообвинителскиот систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Песков откри каде и кога ќе се…

Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…

Мосад ја извести ЦИА за наводни планови…

Израелската разузнавачка служба „Мосад“ ја извести американската…

Снегот ги затрупа патиштата во Хрватска, а…

Во Хрватска, особено во планинските предели на…

Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец

Во Тетово денес почина поранешниот македонски репрезентативец…

(Видео) Иран го нападна Бахреин

Властите во Бахреин утрово издадоа две предупредувања…