Средба Николоски-Пандов: Отпочнување на постапката за изградба на нови простории во КПД Идризово

t

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции.

На средбата се разговараше за отпочнување на постапката за изградба на нови простории во КПД Идризово.

-Проектот предвидува изградба на нов објект затворско одделение за мажи, ново притворско одделение и нови објекти за кујна и перална. Изградбата на новите објекти е во висина од 25 милиони евра средства обезбедени со поддршка на Банката за развој при Советот на Европа. Оваа одлука доаѓа по бројните препораки за модернизација на затворските одделенија и подобрување на условите на осудениците, информираат од Министерството.

Владата и во иднина ќе ги преземе сите активности за подобрување на затворските услови и за борбата против корупцијата и насилството во затворите.

Во рамки на своите надлежности, Министертвото за транспорт ќе ги обезбеди сите административни и градежни дозволи за реализција на овој капитален проект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…

Во рамките на апелот на Црвениот крст…

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…