Средба Османи-Сарацин: Голема благодарност до Германија за поддршката на нашиот евроинтегративен пат
– Берлинскиот процес несомнено продолжува да биде значаен двигател на реформските процеси во нашиот Регион, истакнал министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан.
Како што соопштија од МНР, тој изразил големо задоволство од позитивниот исход од министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес одржан минатата недела и усвоената Декларација за имплементација на заедничкиот регионален пазар и најавеното потпишување на договорите за признавање на академски квалификации/дипломи, професионални квалификации и патување со лични карти во Регионот на самитот, што треба да се одржи на 3 ноември, во Берлин.
Османи изразил благодарност за недвосмислената поддршка на Германија за евроинтегративниот процес на Македонија и брифирал за тековниот скрининг, како особено значајна фаза во процесот на пристапните преговори со Европската Унија.
За време на средбата, двајцата соговорници изразиле задоволство од интензивната динамика на политички дијалог меѓу двете држави, која значи градење силни и стабилни партнерски односи со Германија.
– Фактот дека Германија е наш најголем политички и економски партнер е само уште една потврда за германската посветеност и интерес за присуство во Регионот, нагласил шефот на дипломатијата Османи.
Двајцата соговорници ја истакнале важната улога на НАТО во зачувување на европската и светска безбедност во дадениот нестабилен геополитички контекст, како и важната улога на Република Македонија како земја претседавач на ОБСЕ во 2023 година.
(МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…
Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…
СНЕМУВА БАКАР, ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ ПРАВАТ…
Во рудниците за бакар се потребни нови…
Мерцедес ги замрзнува инвестициите во Германија: На…
Иднината на производствените капацитети на „Мерцедес-Бенц“ во…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…