Средба Пендаровски-Рот: Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг.
На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија, кои се карактеризираат со пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување и интензивен политички дијалог.
Претседателот Пендаровски истакна дека Германија која е движечка сила на Европската Унија во Западен Балкан е еден од нашите најблиски сојузници и најсигурни партнери во изминатите 30 години и изрази благодарност што евроинтеграцијата на Република Македонија е висок приоритет на надворешно-политичката агенда на германската влада предводена од канцеларот Шолц.
На средбата се разговараше и за отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Македонија и Албанија при што беше посочено дека тие се од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности и во справувањето со влијанијата на руската агресија во Украина.
Соговорниците разменија мислења и информации за германската намера за заживување на Берлинскиот процес во втората половина на 2022 година, при што претседателот Пендаровски нагласи дека Берлинскиот процес не треба да се третира како замена за процесот на пристапување во ЕУ и додаде дека за Република Македонија нема друга алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…