Средба Путин – Бајден наскоро: Главна тема кризата во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон им предложи на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Џозеф Бајден да одржат самит за безбедноста во Европа. Двете страни се согласија, соопшти Елисејската палата.
„Макрон предложи одржување на самит на претседателот Бајден и претседателот Путин, а потоа и со другите засегнати страни за да се разговара за безбедноста и стратешката стабилност во Европа.
„Во принцип, претседателите Бајден и Путин се согласија со идејата да се одржи таков самит“, се вели во соопштението.
Според извештајот, агендата на самитот треба да ја подготват американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на средбата на 24 февруари.
„Може да се одржи само под услов Русија да не ја нападне Украина“, додаваат од Елисејската палата.
Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки ја потврди информацијата од Париз.
Руските власти со месеци велат дека Русија не планира да ја нападне Украина или која било друга земја. Но, тоа не ги спречува западните медиуми, ниту високите функционери од западните земји, секојдневно да лицитираат за денот, па дури и сега, кога руската армија ќе влезе на територијата на својот сосед.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Масовен напад врз Москва, Украина ноќеска ја…
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави…
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…