Средба Си-Санчез во Пекинг: Трговската војна значи самоизолација на САД
– Не се плашиме. Нема победници во трговска војна, а одењето против светот само ќе доведе до самоизолација, му рекол Си на Санчез денеска во Пекинг, јави државната телевизија ЦЦТВ.
Си рече дека Кина 70 години се потпира исклучиво на „напорна работа“ и оти земјата ќе остане фокусирана на „управување со сопствените работи“ без оглед на околностите.
Санчез рече дека Шпанија е посветена на балансирани односи меѓу Европската унија и Кина засновани на преговори за решавање на разликите и соработка во областите од заеднички интерес, пренесе Си-Ен-Ен.
На почетокот на средбата, Санчез рече дека Шпанија ја гледа Кина како партнер на ЕУ.
– Сакаме да работиме на прашања од заеднички интерес, промовирајќи ја трговијата и инвестициите на балансиран начин за да имаме корист од нашите визии за развојот на нашите земји и сакаме да поттикнеме поблиски врски меѓу нашите општества, му рече Санчез на Си.
Кинескиот лидер истакна дека ова е трета посета на Санчез на земјата во последните три години, додавајќи дека зајакнувањето на билатералните односи во сегашниот глобален контекст промовира мир, стабилност и просперитет.
Стоката увезени од Кина во САД сега подлежи на царини од најмалку 145 отсто, соопшти вчера Белата куќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…