Средба Тошковски – Лимани за забрзување на протокот на патници на граничните премини

t

Денеска (02.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. На средбата беше разгледана ситуацијата на граничните премини во насока на пронаоѓање решенија за забрзување на протокот на возила и патници од двете страни на границите во овој период на зголемена фреквенција на граничните премини заради годишните одмори и посетите на нашите граѓани од дијаспората.

Двајцата министри ги разгледуваа можностите за унапредување и промена на некои од процедурите на границите со цел забрзување на протокот на луѓе и намалување на времето на чекање и на двете страни на границата.

Секако двајцата министри разговараа и за унапредување на соработката и координацијата помеѓу двете институции што ќе резултира со унапредување на безбедноста на сите наши граѓани, како една од стратешките цели на новата Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…