Средба Јанев – Николовски: Заедно да ставиме крај на криминалот и корупцијата

t

Денеска (02.07.2024), директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оствари работна средба со заменик претседателот на Влада и Министер за транспорт и врски Александар Николоски.

На средбата беше разговарано и беа посочени можни криминали во однос на Извештајот од Државниот завод за ревизија во однос на работата на Јавното претпријатие „Македонски железници – инфраструктура” за изградба на железничката пруга кон Бугарија и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), при што се дискутираа наводите од извештајот и од страна на директорот беше потенцирано дека Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите неопходни дејствија согласни со нашите надлежности.

На средбата се разговараше и за идната соработка и пријавување на сите сомнежи за сторени кривични дејствија. за да се стави крај на криминалот и корупцијата.
Директорот Јанев нагласи дека борбата против корупцијата и криминалот ќе биде неприкосновена и неселективна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива

Папата Лав XIV повторно се изјасни против…

(Видео) Трамп: Мислам дека е време Украина…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, според…

(Видео) Ердоган лично го возеше брзиот воз,…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отвори…

(Видео) Тензично кај „Краста“: Димитриевски во жестока…

Тензична е состојбата на блокадата на пристапниот…

(Фото) Сообраќајка пред влезот на Клиничкиот центар…

До нашата редакција пристигнаа фотографии од сообраќајна…