Средба Џафери – Ќучук: Членството во ЕУ останува стратешка цел на Македонија
Премиерот Талат Џафери денеска оствари средба со европратеникот Илхан Ќучук, известител во Европскиот парламент за земјава.
Изразувајќи благодарност за досегашната блиска и активна соработка со европратеникот Ќучук во изминатите четири години, премиерот Џафери го нагласи задоволството од поддршката на Ќучук во промоцијата на европското досие на Македонија во Европскиот парламент и неговиот личен придонес во носењето важни одлуки за земјата. Последен успешен пример во таа насока беше процесот на „Дијалогот Жан Моне“, во рамки на кој се одвиваа разговорите за новиот Деловник на Собранието, кој беше усвоен со консензус од пратениците.
Џафери, истакна дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на Република Македонија и цврста заложба на Владата останува исполнувањето на обврските кои се дел од преговарачката рамка со ЕУ.
Џафери и европратеникот Ќучук разменија ставови за постигнатите реформи во државата како и за динамиката на односите на земјите од Западен Балкан со Европската Унија.
Честитајќи му го изборот за претседател на Владата на Џафери, Ќучук истакна дека овој избор е успех не само за Македонија, туку и за регионот, притоа, посочувајќи дека Македонија уште еднаш стана пример и за многу европски земји за успешно функционирање на мултиетничката демократија.
Воедно, нагласи дека земјата и натаму ќе може да смета на неговата поддршка и изрази надеж дека по претстојните избори за пратеници во Европскиот парламент, ќе има можност да продолжи да придонесува за побрза интеграција на Македонија во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…