Среде Менхетн во Њујорк: Директор на голема компанија застрелан на улица
Шефот на американската компанија за здравствено осигурување „ЈунајтедХелткер“, Брајан Томпсон, е убиен на улица во Њујорк. Педесетгодишниот Томпсон е застрелан во градите околу седум часот по локално време пред хотелот „Хилтон“ во Менхетн, каде што требало да биде говорник на конференција.
Томпсон бил превезен во болница, каде што бил прогласен за мртов, кажаа властите.
Напаѓачот избегал од местото на пукањето и по него се трага. Тој го чекал надвор, а носел скијачка маска и крем јакна, објави полицијата на Њујорк.
Истражителите кажаа дека има видеоснимки од нападот, но мотивот засега не е познат, додавајќи дека од убиениот ништо не било одземено.
Томпсон беше назначен за извршен директор на „ЈунајтедХелткер“ во 2021 и имал годишна плата од 10,2 милиони долари. „ЈунајтедХелткер“ е најголемата приватна осигурителна компанија во САД и најголема за здравствено осигурување во светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…
ЗНАМ не отстапува од својот став околу…
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…
Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Денес се празнува Светиот маченик Нестор
Во времето на страдањето на Св. Димитриј…