Средство против змии во скопски Карпош
Од општина Карпош информираат дека во тек е акција на службите за поставување „Репелент“ – средство за превенција, односно заштита од змиите.
– Стручните лица го поставија ова наменско средство околу основните училишта и детските градинки на територија на локалната самоуправа. Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи, велат од локалната смапуправа.
Појавата на влекачи во овие делови е резултат на покачените температури во скопската котлина, како и распространетата вегетација.
– Ова ефикасно средство содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, а дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина, велат надлежните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Манчевски: Стравот од дата центрите е застарен,…
Дата центрите не се мистериозни постројки што…
Вработени кои се на боледување се сликаат…
Министерот за здравство Сашо Клековски по реакциите…
МВР: За осум месеци 34 помалку загинати…
Податоците од евиденциите на Министерството за внатрешни…
Европа предупредува на руски саботажи, но засега…
Европски министри предупредија дека се зголемуваат саботажите,…
За сите брачни парови кои досега не…
Повардарската епархија и годинава организира бесплатни групни…