СРЕЌНА ДОБИТНИЧКА: 20 години може да добива 10.000 евра месечно, а не мора да работи

t



Во германската покраина Хесен викендов беше извлечена лотарија премија од 2,1 милиони евра. Медиумите во таа земја пишуваат дека се уште не е целосно јасно кој ги добил парите.
Во областа Грос-Герау, една жена наводно на лотарија освоила 2,1 милиони евра. Како што објави Лото Хесен во понеделникот во Визбаден, нејзината добивка може да се исплати одеднаш.

Исто така, жената може да избере опција според која Лотаријата би и плаќала по 10.000 евра секој месец во следните 20 години. Како што соопштија од Лотаријата, жената во саботата ја погодила низата со седум цифри на ливчето за извлекување. Нејзината добивка е втора милионска добивка во Хесен оваа година.

Германците за играње на лотарија во 2022 година потрошиле околу 7,97 милијарди евра – околу 0,9 отсто повеќе од претходната година.
Во ноември 2022 година, играч од Берлин ја доби најголемата добивка на лотарија некогаш постигната во Германија. На Евроџекпот освои награда од 120 милиони евра.
Повеќето од новите милионери во 2022 година, од кои поточно 45, доаѓаат од германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Во Баден-Виртемберг и Баварија минатата година 31 лице освоиле милиони на лотарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еве што наше даде Бугарија на Грција…

По 109 години, Бугарија ѝ врати на…

Бил Гејтс предупредува: Во 2027 година нè…

Бил Гејтс предупреди дека човештвото би можело…

(Видео) Мега дипломатски скандал: Бугарија организирала бегство…

Ива Михаилова која во Македонија се гони…

Судот не дозволил Михаилова да замине од…

Кочанчанката Ива Михаилова, на која ѝ се…

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека…

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските…