Српската нафтена компанија на стаклени нозе, за два дена ќе се знае нејзината судбина

t

Се наближува „Денот Д“ за Српската нафтена компанија (НИС), имајќи предвид дека за два дена треба да стапат на сила американските санкции, под кои компанијата се најде поради фактот што нејзин мнозински сопственик е руски Газпром. Банките веќе почнаа да го подготвуваат теренот за затворање на сметките на компанијата и се уште постои надеж дека ќе се добие одобрение за продолжување на рокот. Во тек се финални разговори меѓу адвокатските канцеларии застапници на НИС и ОФАК и се чини дека сите сценарија се во игра.

Српската нафтена индустрија, со поддршка на владите на Србија и Унгарија, на почетокот на февруари испрати барање до американското Министерство за контрола на странски средства (OFAC) за одложување на санкциите за најмалку три месеци, но нема одговор, барем според она што е познато во јавноста, досега, пишува Нова.рс.

Поранешниот министер за надворешни економски односи и адвокат Милан Париводиќ изјави дека би било одлично доколку се донесе одлука за одложување на санкциите, но тешко дека тоа ќе се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…

Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…

(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…

Претставници на новата управа на ТВ Нова,…

Саичиќ: Вечерва славиме победа, од утре градиме…

Кандидатот за пратеник во Собранието на Србија…

Студентската листа води на изборите во Србија…

Студентската листа е победник на предвремените парламентарни…