Српска „Политика“ за Шекеринска: Македонка во врвот на НАТО!

t

Македонка во врвот на НАТО, пишува српска „Политика“ по изборот на Радмила Шекеринска за заменик на генералниот секретар на НАТО.

Еве што напиша „Политика“ за Шекеринска:

Македонка од православна вероисповед е родена 1972 година во Скопје, каде што дипломирала на Електротехничкиот факултет. Магистрирала дипломатија на престижната Флечерова школа за право и дипломатија на Универзитетот Тафтс во САД. На политичката сцена стапи во 1993 година, а важеше за сива еминенција уште од времето на Бранко Црвенкоски, првиот претседател на СДСМ. Шекеринска е првата жена од Западен Балкан што зазема толку важна функција во овој сојуз. Таа беше и првата жена-премиерка на македонската држава од осамостојувањето и првата жена шеф на партијата СДСМ (2006-2008), по што беше вицепремиер задолжен за евроинтеграции. За време додека беше министер за одбрана, од 2017 до 2022 година, Македонија стана 30-та членка на Северноатлантската алијанса, што и овозможи на земјата да постигне половина од нејзините примарни стратешки цели – другата половина, влез во ЕУ, беше блокирана од Бугарија.

Пристапувањето на Македонија во НАТО тргна по трнлив пат, со бројни компромиси, вклучително и промена на Уставот и името на државата. Значајна улога во тој процес имаше Шекеринска, односно нејзината упорност и посветеност на таа цел. И покрај бугарските бариери, Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО, чиј генерален секретар во тоа време беше Јенс Столтенберг.

Треба да се нагласи дека Радмила Шекеринска се избори за местото заменик генерален секретар на НАТО и наклонетоста на актуелниот генерален секретар на Алијансата, Марк Руте, во многу тешка конкуренција. Нејзини противници беа поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел, поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ и поранешната министерка за одбрана на Црна Гора Оливера Ињац.

Генералниот секретар на НАТО Марко Руте го изрази своето задоволство од назначувањето на неговиот заменик, велејќи: „Таа навистина верува во НАТО, знае што е потребно за да се приклучи на алијансата и што значи да се биде полноправна членка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српска „Политика“ за Шекеринска: Македонка во врвот…

Македонка во врвот на НАТО, пишува српска…

Харадинај гарантира членство на Косово во НАТО

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово,…

Бугарските медиуми за Шекеринска: Руте избра Македонка…

„Руте избра Македонка пред Марија Габриел за…

Левица: Се крати од ранливите категории за…

Нагласеното зголемување на средствата за воените расходи…

Црни сценарија од Будимпешта: Влез на Украина…

Пристапувањето на Украина во НАТО би значело…