СРПСКИОТ МИНИСТЕР ВЕСИЌ ЗАПОЧНА ШТРАЈК СО ГЛАД ВО ПРИТВОР; Пресврт во разрешницата на трагедијата во Нови Сад
Горан Весиќ, српскиот министер за градежништво и инфраструктура, кој на 5 ноември даде оставка поради несреќата во Нови Сад, а од вчера е во притвор, почна штрајк со глад, пренесува српскиот весник „Политика“.
Вишото обвинителство во Нови Сад вчера нареди апсење на 13 лица поради трагедијата на Главната железничка станица на 1 ноември во тој град, а меѓу уапсените освен Весиќ беа и в.д директората на „Српска Железничка инфраструктура“ Јелена Танасковиќ и Анита Димоски, в. д. помошник министерка за железници и интермодален транспорт.
По веста дека е уапсен, се огласи и самиот Весиќ кој рече дека доброволно одговорил на повикот на полицијата.
– Не сум уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад. Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани. Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот – рече Весиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народната банка организира превоз за клиентите на…
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…
Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…
Драма на небото над Србија: Воени ловци…
Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…
ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…
Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…
Избувнал пожар во паркирано возило на улицата…
На 6 ноември 2026 година, во 04:30…