Српскиот министер за внатрешни бил најблизок соработник на најголемиот нарко бос на Балканот, Дарко Шариќ
Небојша Стефановиќ во времето кога тој беше министер за полиција наплаќал долгови за семејството на Дарко Шариќ, а за тоа наводно земал и голема провизија, дознава „Република.рс“ од извори од истрагата.
Министерот наводно им ветил на соработниците на наркобосот дека ќе помогне да му ги вратат 11-те милиони евра што државата му ги одзеде на Шариќ.
Според информациите од истрагата, Стефановиќ за услугите од Шариќ добил луксузен часовеник проценет околу 17.000 евра.
Хркаловиќ беше испрашувана шест часа, Стефановиќ речиси три часа, информираат српските медиуми.
Поранешниот државен секретар во МВР Дијана Хркаловиќ и поранешниот министер за полиција, а сега министер за одбрана Небојша Стефановиќ денеска беа на распит во Секторот за внатрешна контрола на МВР.
Хркаловиќ била испрашувана шест часа, додека Стефановиќ сведочел речиси три часа.
Хркаловиќ и Стефановиќ беа сослушани во рамки на дејствијата на Секторот за внатрешна контрола на МВР по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград за собирање информации и известувања со цел правилно да се проверат наводите на поранешната државна секретарка Дијана Хркаловиќ. .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Охрид: Извлечено тело од водите…
Безживотно тело попладнево околу 14 часот е…
Кавадарчанец пронашол експлозив во ѕидот од својот…
Жител на Кавадарци при реновирање во неговиот…
Додик најави дека ќе има средба со…
Претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој…
Израел се заканува дека ќе го „елиминира“…
По најновиот бран ирански ракетни напади, израелскиот…
Дизелот поскапува за 2,5 денари
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…