Објавено на:

Српскиот патријарх Порфириј: „Имаме само една земја, само еден народ и си требаме едни на други“

t

Српскиот патријарх Порфириј упати повик да се запрат сите судири и да се отфрлат „зборовите и постапките што предизвикуваат болка и рани кај другите, нагласувајќи дека ништо не е поразорно од омразата, поделбите и насилството и дека ништо не е поскапоцено од мирот и братската љубов“, јавува Н1 телевизија.

„Денес, браќа и сестри, кога започнува Богородичен пост – време на молитва, воздржување и внатрешно размислување, со болка и длабока загриженост гледаме на немирите и конфликтите што ги потресоа нашите градови, нашите домови и нашите семејства во последните денови. Од престолот на Свети Сава, повикувам и апелирам до сите – без исклучок – да го запрат секој судир и да ги отфрлат зборовите и постапките што предизвикуваат болка и рани кај другите“, наведува СПЦ.

Тој нагласи дека „имаме само една земја, имаме само еден народ и си требаме едни на други“ и дека затоа не треба да си дозволиме по секоја цена да „се повредуваме и прогонуваме едни со други на улиците и плоштадите“, соопшти Српската православна црква.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…