Српскиот патријарх Порфириј пристигна во Скопје

t

Поглаварот на Српската православна црква Порфириј пристигна во Скопје во канонска посета на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, информираат вечерва од СПЦ.

Утре патријархот Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан, на празникот Свети Кирил и Методиј, ќе служат света архиерејска литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Во делегацијата на СПЦ се и митрополитот црногорски и приморски Јоаникије, епископот сремски Василиј, епископот бачки Иринеј, зворничко-тузланскиот Фотие и крушевачкиот Давид.

Делегацијата на СПЦ била пречекана од архиепископот г.г. Стефан и митрополитот Тимотеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српскиот патријарх Порфириј со поддршка за Србите…

Српскиот патријарх Порфириј упати силна порака за…

Српскиот патријарх Порфириј: Ваква трагедија не ѝ…

Српскиот патријарх Порфириј денеска упати најдлабоко сочувство…

На Велика Сабота почина мајката на српскиот…

Српската православна црква соопшти дека Радојка Периќ,…

Српскиот патријарх: За СПЦ е неприфатливо Косово…

Во своето велигденско послание, српскиот патријарх Порфириј…

(Документи)Македонската Православна Црква ќе се преименува, не…

Бидејќи се поделивме по сите основи, без…