Српските медиуми распукаа по судиите: Епска кражба, како не ви е срам!
Србија не успеа да го освои Светското првенство откако во финалето со 83-77 беше поразена од Германија, српските медиуми виновникот за поразот го бараат во судиите.
„Србија е брутално ограбена во моментите кога се кршеше финалето“, пишува српски „Телеграф“.
„Србија мораше да игра против Германците и против судиите. При резултат 55-53 на средна од третата четвртина се случи крајно сомнителна ситуација. Аврамовиќ без фаул го запре Денис Шредер, му залепи блокада, додека плејмејкерот на Германија потоа со рака и со нога удираше наш играч“.
„По прегледаната сника, мексиканскиот судија Омар Бермудез без нималку срам ја потврди одлуката“, тврди „Телеграф“.
Не беше само „Телеграф“ тој кој ги критикува судиите, слично беше и во другите медиуми.
„Вие сте наши херои! Храбрата Србија падна во пеколот во Манила. Германците и судиите беа пресилни, но овие орлови заслужуваат поклонување до подот“, пишува „Блиц“.
„Курир„ смета тоа било епска кражба, Србите биле брутално ограбени.
„Србија е брутално ограбена во финалето на Мундобаскетот! Херои, горди сме на вас. Срамните судии одлучја кој ќе биде шампион на светот! Епска кражба во Манила! Погледнете што прават овие крвници. Имаат ли овие луѓе очи или не сакаат да видат?“.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…