Објавено на:

Српските цариници спречија влез на 73.000 евра непријавени пари во Македонија

t

Српските цариници на граничниот премин Прешево-Табановце пронашла купчиња со евра во рачен фрижидер на патник кој се обидувал да влезе во Македонија, јавија тамошните медиуми.

Според цариниците, патникот пријавил само 10.000 евра, колку што е законскиот максимум за внесување пари во готово преку граничен премин. Но, неговиот автомобил бил издвоен за проверка, а во фрижидерчето во багажникот на неговото „БМВ“ со австриски таблички, цариниците ја пронашле многу поголемата сума.

-Патникот, чија крајна дестинација била Грција, се обидел нелегално да пренесе 73.100 евра, соопшти тамошната Царинска управа.

Мал дел од непријавените евра биле пронајдени во преградата на чантата за лаптоп, која исто така била во багажникот на автомобилот, додава српската Царинската управа.

На лицето веднаш му биле вратени 10.000 евра, додека за преостанатиот износ ќе одлучува надлежниот суд во прекршочната постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дводневен штрајк на грчките цариници, товарниот сообраќај…

Почнувајќи од вечерва на полноќ (02.04.2024) до…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Жена се обидела да прошверцува 1.700 кутии…

Патничка се обидела да прошверцува над 1.700…

Богоев: Дигитализација за намалување на корупцијата во…

Директорот на царина, Стефан Богоев во неделното…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…