Српски војник загина во Либан
Постариот наредник Милован Јовановиќ, припадник на српските вооружени сили, кој беше ангажиран како дел од мировните сили на Обединетите нации (ОН) во Либан, почина утринава како последица на повредите предизвикани од проектил кој паднал врз базата на ОН каде што се стационирани мировните сили, вклучително и дел од српскиот контингент.
На постариот наредник Јовановиќ му била укажана итна медицинска помош откако бил ранет во болницата во базата, а потоа со хеликоптер бил пренесен во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут, каде што починал околу 04:00 часот по локално време, соопшти Министерството за одбрана. Во нападот се повредени уште двајца припадници на меѓународните сили, еден од вооружените сили на Ел Салвадор и еден од вооружените сили на Шпанија.
Јовановиќ е роден на 6 јуни 1989 година во Краљево. Зад себе ги остави сопругата и двете малолетни деца. Во војската на Србија служел од 10 декември 2011 година, а во мировната мисија во Либан од јануари годинава. Министерот за одбрана Братислав Гашиќ и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ упатија телеграми со сочувство до семејството на трагично загинатиот припадник на српските вооружени сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…
Македонската партија во Србија застана зад Студентската…
Македонската партија на Србија јавно ја поддржа…