Српски камионџија носел 50 килограми марихуана од Унгарија

t

Полицијата во Нови Сад, во соработка со Вишото јавно обвинителство, го уапсила 53-годишниот Д.Р. од Чачак, откако во неговиот камион била пронајдена голема количина дрога, објави српски „Телеграф“.

Акцијата е спроведена ноќта меѓу 19 и 20 февруари 2026 година.

Според наводите на обвинителството, осомничениот возел камион кој влегол во Србија од правец на Унгарија. При деталниот претрес на камионот, полицијата открила и запленила 50 килограми марихуана спакувана за понатамошна продажба, 2.350 евра во готово, за кои постои сомневање дека потекнуваат од трговија со наркотици, два телефона за кои, како што се претпоставува, биле користени за договарање нелегални зделки.

Освен дрогата и парите, од осомничениот привремено е одземен и камионот со кој управувал.

Д.Р. се товари за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги“, а ова дело законот предвидува строга затворска казна во траење од три до 12 години.

„На осомничениот му е определено задржување до 48 часа. Тој во законскиот рок ќе биде приведен на сослушување во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, по што ќе се одлучува за понатамошните чекори во истрагата“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Од обвинителството најавија дека ќе продолжат со спроведување на сите неопходни доказни дејствија за целосно расветлување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…

Сè уште е неизвесно дали ректорот на…

Министерот за надворешни работи на БиХ го…

Министерот за надворешни работи на Босна и…

Српскиот патријарх Порфириј се обрати на погребот…

Денес, патријархот на Српската православна црква, Порфирије,…

СНС едногласно одлучи: Вучиќ носител на листата…

Главниот одбор на СНС на денешната седница…