Објавено на:

Српски министер предложи да се урне основното училиште „Владислав Рибникар“

t

Денешното враќање на учениците во ОУ „Владислав Рибникар“ по невидената трагедија кога загинаа осум ученици и еден обезбедувач, наиде на поделени мислења.

Додека едни сметаат дека на децата не треба да им се скратува правото да одат на училиште, а враќањето во училишните клупи треба да се прави постепено, други сметаат дека тоа не е паметна идеја.

Министерот за економија, Раде Баста, преку својата објава на „Инстаграм“ предложи да се урне училиштето во кое се случи масовното убиство.

„Повикувам на единство на власта и опозицијата да се изгради спомен-парк за децата што загинаа на местото на училиштето за да им остане вечен споменот. Сегашното училиште треба да се урне, а некаде да се изгради ново училиште во близина“, напиша тој на „Инстаграм“.

Минатата недела во ОУ „Владислав Рибникар“ тринаесетгодишниот Коста Кецмановиќ, освен што уби осум ученици и еден обезбедувач, рани уште шестмина и еден наставник по историја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арафат Муареми направи трансфер од СДСМ во…

Поранешниот директор на Финансиска полиција Арафат Муареми…

Истрага против шестмина затворски полицајци и уште…

По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на…

Австралиската полиција ги истражува причините поради кои…

Австралиската полиција соопшти дека ги истражува причините…

Над еден милион евра незаконски се поделени…

Над еден милион евра државни пари се…