Српски полицајци ја привеле Северина на граница – ја испрашувале за „Олуја“, Сребреница и бил претресен автомобилот…
Пејачката Северина Вучковиќ во неделата вечерта била сопрена на граница од српската полиција, го пребарала нејзиниот автомобил и ја спровеле до зградата на полицијата на разговор. Таа вечер таа требаше да пее на приватна роденденска прослава во Белград. Приватната „тезга“ Северина го најавила претходно, изјави извор близок до пејачката.
„На граница пристигнала околу 19 часот и 45 минути, при проверка на документите ја прашале кога последен пат била во Србија и побарале да го запре автомобилот на страна. И ги одзеле документите и со часови чекала во автомобилот, кога граничниот полицаец и рекол дека доаѓа инспектор од МУП на Републиката. Дошле двајца инспектори и заедно со цариникот го пребарале автомобилот. Не нашле ништо сомнително и ја поканиле во зградата на полицијата на разговор“, изјавил изворот за 24сата и додал дека Северина претпоставува дека застанувањето има врска со претседателот Вучиќ.
Ја испрашуваа за нејзините изјави за Сребреница, на кои таа рече дека тоа се историски факти. Ја прашале што мисли за „олуја“. Таа ги прашала младите полицајци дали знаат како започнала војната, тие одговориле дека ја започнал Туѓман. Во разговорите се спомнал и Јасеновац. Во еден момент ја испрашувале и за литиумот во Србија“, вели изворот.
Пејачката била ослободена околу 23 часот, кога требало да почне забавата на која треба да настапува.
„Нема да одам во Србија додека владее недемократски режим“, наводно им рекла пејачката.
Северина потоа се вратила во Хрватска. Пејачката последен пат била во Србија во мај 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…