Српски пратеник: Време е да го преиспитаме односот со ЕУ

t

Пред се, потребно е редефинирање на односите меѓу Република Србија и Европската Унија и нивно поставување на реална основа, што значи конечно да се излезе од самозаробувањето во европските интеграции кои доживеаа колапс, пратеникот и изјави денеска претседателот на “Двери” Бошко Обрадовиќ.


Имајќи ја предвид неуспешната интеграција во ЕУ по 23 години од јавно прокламираната цел за влез на Србија во полноправно членство во ЕУ, како и променетиот контекст на европската интеграција, запирањето на процесот на проширување и се посилната политика на условување Институциите и функционерите на ЕУ кон Србија, новата надворешна политика на Србија треба да ги забележи овие факти и да се сврти кон билатерална соработка со ЕУ како организација, без условно членство, како и со поединечни земји-членки на ЕУ во оние области каде што има заемен интерес, додаде Обрадовиќ.


„Треба да се развијат посебни и привилегирани пријателства и партнерства со сите земји кои не ја признаа независноста на т.н. Косово. Србија треба да се залага за соработка во рамките на Европската економска област, без никакви политичко условувања и во заеднички интерес“, посочи Обрадовиќ на тркалезната маса „Надворешната политичка позиција на Србија денес – елементи за нова надворешна политика“ организирана од Српското движење Двери и Српската партија Заветници одржана во Народното собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…

Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…