Српски џудист доби суспензија на пет месеци затоа што се прекрстил на Олимписките игри во Париз

t

Српскиот џудист Немања Мајдов се најде во центарот на вниманието поради одлуката да биде суспендиран на пет месеци и тоа затоа што се прекрстѕил пред борба на Олимписките игри кои ова лето се одржуваа во Париз.

Ваквата одлука предизвика бурни реакции, а Мајдов на социјалните мрежи го објави мејлот кој стигна на адреса на Џудо сојзуот на Србија.

„Драг господина Мајдов, во текот на петтиот ден на Олимписките игри во Париз на 31 јули 2024 година покажавте јасен религиски знак кога влегувавте во борилиштето за мечот со господинот Теодорес Целидис (Грција) во рамки од осминафиналето во категторијата до 90 килограми. Правилникот на Светската џудо федерација покажува дека има основа за казна бидејќи не смее да се покажува никаков предмет или религиско движење пред, во текот или на крајот од борбата“, стои во дописот до Мајдов.

Сепак, ова се случи на Олимписките игри каде што бевме сведоци дека многу спортисти од различни земји јавно искажуваа верски пораки. Го видовме и прекрстувањето на неговиот сонародник, Новак Ѓоковиќ по освојувањето на златото.

Според таквата ситуација изгледа дека Џудо федерацијата била единствена која своите правила ги спроведува и за време на Олимписките игри, па затоа Мајдов е казнет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…