Српската царина заплени роба вредна 20.000 евра, требало да заврши во Македонија
Српската Царинска управа информира дека денеска на терминалот Келебија, во соработка со полицијата спречиле обид за криумчарење разна стока, чија вкупна вредност се проценува на повеќе од 20.000 евра.
Според информациите, прекршокот бил откриен во вторник, на 18 јули, кога камион со странски регистарски таблички, кој според транзитната документација превезувал стока од Данска кон Македонија, бил издвоен за детален преглед при влез во Србија.
При увидот, царинските службеници во просторот предвиден за складирање на алат, од двете страни на приколката на камионот, како и во кабината над креветот пронашле поголема количина сокриена роба.
Споменатиот простор бил полн со чанти и кутии во кои имало машка, женска и детска облека, а на нив имало етикети на познати брендови.
Освен облека, во кабината биле пронајдени мали апарати за домаќинство, рачен алат, тепих, декорација на домот, шолји, чаши, сијалици, пакувања со разни кафиња и друга нова роба.
-Шверцуваната стока е одземена по итна судска постапка, а 26-годишниот возач на камион е казнет за сторен прекршок, соопшти српската Царинска управа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…