ССМ денеска протестира пред МТСП

t

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска од 10 часот до 13 часот ќе протестира пред пред Министерството за труд и социјална политика (МТСП) поради неисполнетото барање за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари.

Откако минатата недела не беше прифатен амандманот на ССМ  во собраниската Комисија за финансирање и буџет, Претседателството на ССМ организираше протестни активности пред Владата и Собранието, а вчера наутро три часа ја блокираше крстосницата во Автокоманда за влез/излез од Скопје.

„Незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и од тие причини Сојузот на синдикатите на Македонија продолжува и преку други форми на синдикален притисок, незадоволството да го изразува на улица“, соопшти ССМ.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски синоќа во телевизиско гостување рече дека од опозициските партии им било ветено уште еднаш да биде поднесен амандман за корекција на ребелансот на Буџетот и дека идејата им била пред Собранието да постават столчиња колку што има членови во Комисијата, но седницата е одложена и ќе протестираат пред МТСП.

„Активностите ги пренасочуваме пред МТСП за да ја прашаме министерката Јованка Тренчевска каде исчезна социјалниот дијалог, ветувањето што ни го даде на 1 мај и зошто не е прифатен амандманот во расправата за ребалансот на Буџетот. Јавно ќе побараме од министерката Тренчевска да се заложи многу повеќе за она што ни го ветија на 1 мај, кога и таа беше присутна како дел од претставниците на Владата. Тогаш ни ветија дека со ребалансот на Буџетот и Законот за извршување на Буџет овие средства можат да ги предвидат најдоцна до 1 јули. Тоа е за четири дена, а од тоа ни трага ни глас“, рече Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

29 ноември скратено работно време за државната…

Врз основа на заклучоците донесени на 199…

ССМ поднесе до Собранието предлог за намалување…

Сојузот на синдикатите на Македонија поднесе предлог…

МТСП ќе ги разгледа барањата на пензионерите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка…

Трендафилов: Нема да дозволиме функционерите пак да…

На барање на Министерот за финансии Фатмир…

ССМ доби нов лидер: “Следува жешко лето”

Сојузот на синдикати на Македонија од денеска…