ССМ денес ги блокира Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис Конфедерацијата
ССМ денес ги блокира Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис Конфедерацијата. Во продолжение нивната објава:
– Да не се грижат, повторно ќе бидеме 21 претставник на синдикатот онолку колку што е потребно согласно законскиот минимум за да излеземе на улица и да ги блокираме.
Нема да дозволиме работниците да им мрзнат на газдите на улица, да им мрзнат на пратениците на улица и да и мрзнат на Владата на улица само за да ги блокираат како што овие ги блокираат работниците, некои 36 години, некои две години, а некои една година.
Како што најавивме втората фаза активности на ССМ заедно со работниците посветени на зголемување на работничките плати продолжува утре, на ден 12.02.2026 година (четврток) со блокада на Стопанската Комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис Конфедерацијата. Блокадата ќе започне на раскрсницата пред Стопанската Комора во 12 часот.
* За време на протестот ќе биде обезбедено непречено движење за потребите на Итната медицинска помош, Противпожарната бригада и полицијата, а воедно им се извинуваме на граѓаните кои ќе имаат потреба да се движат во периодот на Блокадата по наведените улици, а секој итен случај ќе биде пропуштен да помине. – објавија од ССМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари
Вредноста на синдикалната кошница за август 2026…
80 години од формирањето на Сојузот на…
Одбележуваме 80 години од создавањето на една…
ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…
Во насока на справување со најавените високи…
ССМ: Потребно е предвремено пензионирање, а не…
Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно…
ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…
Во насока на справување со најавените високи…