ССМ до пратениците: Ќе блокираме се додека не изгласаат тоа што бараме

t

Во знак на револт и поддршка на нашите колеги работници кои штрајкуваат на своите работни места за време на работното време да и кажеме јавно и јасно на централаната власт и локалната дека сме спремни да одиме до крај. До крај занчи 2.806 денари усогласување на платата од 1 јули, К-15 и нов Колективен договор, вели претседателот на Синдикатот Дарко Димовски.

Тој упати извинување до граѓаните поради блокирањето на улиците и воедно побара да се земат предвид нивните барања.

-Денеска ги блокираме оние пратници кои не гласаа за амандманите бидејќи знаеме дека сите не се од Скопје. Ќе ги блокираме се додека не го изгласаат она што го браваме .Штрајкуваме за покачување на нашите плати, вели Димовски

Денеска претседателството на ССМ ќе одлучи кои ќе бидат наредните чекори, а се најавува протести пред Собранието и пред министерството за труд и социјална политика и блокирање на повеќе улици.
Денеска е четврти ден на генералниот штрајк на Јавниот сектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Минималната кошница за јануари 2024 година изнесува…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари…

Си играат како сакаат! Грција ја блокира…

Грција го блокира писмото од 27-те земји-членки…

Светиниколските пензионери со трактори ќе ја блокираат…

Пензионерите од Свети Николе денеска од 9…

ССМ поднесе до Собранието предлог за намалување…

Сојузот на синдикатите на Македонија поднесе предлог…