ССМ: За три месеци животот поскап за околу 2.500 денари
За три месеци животот поскап за околу 2.500 денари, тие минималната плата ќе ја усогласувале за 1.667 денари! – соопштија од Сојузот на Синдикати на Македонија. Во продолжение нивната објава:
– Зголемувањето на вредноста на Синдикалната минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2326,00 денари.
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година изнесува 67.818,00 денари, споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 год. која изнесува 67.382,00 денари е зголемена за 436,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март изнесува 83.193,00 денари.
Дополнително, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) во истиот период на 05.01.2026 година изнесувала 64,50 (денари/литар) , а на 16.03.2026 година 92,00 (денари/литар) или за три месеци се зголемила за +27,50 (денари/литар)
Дали животот на македонските работници ќе се подобри, ако ССМ престане да ја пресметува вредноста на Синдикалната минимална кошница и дали во тој случај македонските работници ќе бидат задоволни со висината на нивните плати како што се обидуваат да ја претстават состојбата владините претставници? – стои во објавата на ССМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари
Вредноста на синдикалната кошница за август 2026…
80 години од формирањето на Сојузот на…
Одбележуваме 80 години од создавањето на една…
ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…
Во насока на справување со најавените високи…
ССМ: Потребно е предвремено пензионирање, а не…
Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно…
ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…
Во насока на справување со најавените високи…