ССМ најави протест на 1 Мај: „За плати се бориме, не се молиме“

t

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, го најави следниот голем работнички протест закажан за 1 Мај, што ќе значи одбележување на Меѓународниот ден на трудот и следен чекор во борбата на ССМ за зголемување на работничките плати.

– „За плати се бориме и не се молиме!“ е слоганот под кој оваа година работниците ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, и ќе излезат на улица рамо до рамо, еден до друг, да побараат зголемување на минималната плата, затоа што минималната плата е усогласена без согласност на социјалните партнери, односно без согласност на Сојузот на синдикатите на Македонија и на штета на работниците, за само 1.667 денари. Тоа што е важно, а според податоците од Управата за јавни приходи што ги обезбедивме како ССМ, е тоа што 50 % од работниците во Македонија имаат плата под 600 евра – изјави Трендафилов.

Тој потсети дека ССМ од почетокот на годината, одржале неколку протести и неколку блокади.

– Продолжуваме со протестите, односно на 1 Мај повторно ќе излеземе на улица, заедно со работниците – додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме…

Нашата државност не започна во 1991 година,…

Приведен таксист во Скопје: Побарал повеќе пари…

На 08.09.2026 во 01:50 часот во Скопје,…

Бенет: Нетанјаху бил предупреден дека Синвар подготвува…

Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет тврди дека…

Албански државјанин уапсен во Милано со 70…

Полицијата во Милано уапси маж (41) со…