ССМ одлучи: Во вторник ќе ги блокираат пратениците, потоа работодавачите и Владата

t

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска информира дека следниот вторник синдикатите ќе ги блокираат пратениците, а потоа ќе следуваат и активности насочени кон работодавачите – Стопанската комора, Сојузот на стопанските комори и Организацијата на работодавачи.

„10 февруари Собрание, 12 февруари газди (СК, ОРМ, БКМ), 17 февруари Влада“, стои во кратката објава на првиот синдикалец во државата.

Од ССМ потсетуваат дека вчера истекол рокот што им бил даден на институциите за да се направат итни измени на Законот за минимална плата, со кои минималецот би се зголемил на 600 евра, а сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Бидејќи, како што велат, немало конкретен одговор, синдикатите решиле да ги интензивираат притисоците.

-Веројатноста е наредната недела ќе одат со автобус и пешки, како што доаѓаат најголем дел од работниците. Ќе ги чекаме да ги поздравиме и да ги потсетиме дека таму се за нас и дека треба да гласаат. Тоа ќе биде следниот чекор, а за информациите ќе објавиме во понеделник. Дента нема да можат да наплатат патни трошоци. Ќе ги удриме по џебот, рече минатата недела претседателот на ССМ за пратениците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари

Вредноста на синдикалната кошница за август 2026…

80 години од формирањето на Сојузот на…

Одбележуваме 80 години од создавањето на една…

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…

Во насока на справување со најавените високи…

ССМ: Потребно е предвремено пензионирање, а не…

Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно…

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…

Во насока на справување со најавените високи…