ССМ повикува: Работниците да се обединат на протест за повисока плата и работнички права на 1 Мај

t

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, упати јавен повик до сите работници во земјава да се приклучат на годинешниот Првомајски протест во Скопје. Протестот ќе се одржи на 1 Мај со почеток во 11:00 часот пред Работничкиот дом.

„Борбата за плата и работнички права е чиста работничка борба и никој не треба да чека покана – секој треба сам да се покани“, порача Трендафилов преку социјалните мрежи.

Под мотото „Време е да не зборуваме, туку да делуваме“, ССМ ги повикува граѓаните да изразат поддршка за зголемување на минималната плата, подобри услови за работа и заштита на работничките права. Со пораки како „#работничкакласа“ и „#работникотсебуди“, синдикатот најавува одлучен настап и јасна порака до институциите.

Очекувањата се дека протестот ќе собере голем број граѓани, особено по засилените дебати околу висината на платите и економските предизвици со кои се соочуваат вработените во земјата.

Неговиот повика на протест на линкот подолу:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…