ССМ: Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра

t

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), како единствен репрезентативен синдикат во државата, на 11 и 12 ноември 2025 година, спроведе Анкета за потребите на работниците во однос на растот на минималната плата во Република Македонија.

Целта на оваа анкета е да се утврди мислењето на работниците за тоа дали постои потреба од зголемување на минималната плата и кои активности треба да ги преземе ССМ во наредниот период. – се вели во соопштението за медиуми од Сојузот на Синдикати на Македонија.

Со репрезентативен примерок од 1613 испитаници (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) во период од 24 часови, Анкетата за висината на минималната плата во Македонија ги даде следните резултати:

На прашањето Колку треба да изнесува минималната плата, од 1613 одговори 45,2% сметаат дека минималната плата во Македонија треба да се зголеми на 600 евра, 42% од испитаниците сметаат дека истата треба да изнесува над 700 евра, а 12,8% од испитаниците сметаат дека минималната плата во Македонија треба да изнесува 500 евра.

99,5% од испитаници (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) сметаат дека минималната плата треба да се зголеми до крајот на тековната година.

52,8% од испитаниците (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) доколку не се зголеми минималната плата се спремни да протестираат, а 47,2% се спремни да штрајкуваат, односно сите испитаници сметаат дека доколку не се зголеми минималната плата треба и да се протести и да се штрајкува.

Заклучокот од Анкета за потребите на работниците во однос на растот на минималната плата во Република Македонија е дека барањето за зголемување на минималната плата не е желба на поединци, туку потреба на работниците во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари

Вредноста на синдикалната кошница за август 2026…

80 години од формирањето на Сојузот на…

Одбележуваме 80 години од создавањето на една…

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…

Во насока на справување со најавените високи…

ССМ: Потребно е предвремено пензионирање, а не…

Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно…

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…

Во насока на справување со најавените високи…