ССМ со ново барање до пратениците: Договорите на определено работно време да траат најмногу до една година
Сојузот на сидикатите на Македонија бара договорите на определено работно време да траат најмногу до една година и да се склучуваат во услови оределени со закон, нагласуваат дека тие се исклучок, а не правило.
– Работодавачите треба да знаат дека насекаде во светот договорите на определено време се исклучок, а не правило, тие се применуваат за привремени и повремени работни задачи во одредени услови утврдени со закон (замена на отсутен работник, зголемен обем на работа и сл), како и за повремено извршување на работи кои не е од основната дејност на компанијата, велат од ССМ во денешното соопштение.
Од ССМ велат дека праксата покажала дека работодавачите ги користат овие договори за манипулирање на работниците, намалување на нивните права и изрекување на откази без да се утврдат соодветни причини за тоа.
– Пратениците треба да се охрабрат и да прифатат предлог кој значи намалување на траењето на договорите за вработување на определено време на една година или на шест месеци како што е предлогот во Собранието и да придонесат за елиминација на злоупотребите кои ги прават работодавачите со ваквите договори за вработување на определено време кои во време на криза беа најмногу користени за губење на работните места, наведува ССМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…