ССМ: 8 Септември е остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации
*Објава на Фејсбук на Сојузот на синдикати на Македонија:
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов по повод празникот 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, во име на Сојузот на синдикатите на Македонија упатува искрени честитки до сите работници и граѓани на Македонија.
Денот на независноста, 8-ми Септември е празник со кој се одбележува раѓањето и се слави опстојувањето на независна и суверена Република Македонија.
Овој празник преставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации граѓани кои живееја со мислата за слободна и самостојна држава. Овој празник не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале, но и ни дава сила и мудрост да продолжиме понатаму.
Нека е честит 8-ми Септември, Денот на независноста!
Со почит,
Претседател,
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари
Вредноста на синдикалната кошница за август 2026…
80 години од формирањето на Сојузот на…
Одбележуваме 80 години од создавањето на една…
ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…
Во насока на справување со најавените високи…
ССМ: Потребно е предвремено пензионирање, а не…
Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно…
ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…
Во насока на справување со најавените високи…