Ставена само за посетата на Пендаровски: Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден била од времен карактер
Плочата за АСНОМ којашто беше поставена во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден беше од времен карактер со цел да се реализира посетата на претседателот Стево Пендаровски и државната делегација, за прв пат по повеќе години, велат од кабинетот на шефот на државата по објавените информации во медиумите дека плочата веќе ја нема на местото на чествувањето.
Тогаш беше договорено во најбрз можен рок да се формираат работни групи составени од претставници од двете министерства за надворешни работи, министерствата за култура, како и од други државни институции коишто ќе ги утврдат начинот и формата за прослава на 2 Август, Илинден во „Св. Прохор Пчински“ за наредната година. Целта на таквата формализирана соработка е да се воспостави институционална форма за одбележување на празникот Илинден во манастирот „Св. Прохор Пчински“ – наведуваат од кабинетот на Пендаровски.
И игуменот на манастирот „Св. Прохор Пчињски“, архимандрит Методије, за МИА потврдува дека договорот на двете делегации, македонската и српската, бил плочата да се тргне по прославата на Илинден, и повторно по договор да се става кога ќе треба.
Спомен плочата за одржувањето на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, беше поставена на празникот Илинден во параклисот на манастирот „Св. Прохор Пчињски“ каде што по долгогодишна пауза чествуваше македонска државнo-црковна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски. Од српска страна на одбележувањето присуствуваше министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Свеста и чувството дека сум Македонец треба…
Денеска се навршуваат 152 години од раѓањето…
Златото и среброто тонат, изгубија до 60…
Златото и среброто се соочуваат со остар…
Пакистански државјанин осуден на 27 и пол…
Пакистанскиот државјанин, 48-годишниот Асиф Мерчант, е осуден…
Силен земјотрес во Романија почувствуван и во…
Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според…
Путин и Си ја продлабочуваат соработката: Русија…
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател…